Ѓорѓиевски: Заев е главата на октоподот, тој мора да падне, повик за марш во 18 часот пред ЈО
Зоран Заев три години владее криминално и деспотски во Република Македонија. Тој е главата на октоподот, кој штелува обвиненија, диктира пресуди и мести милионски тендери во исто време.
Заев нарачува, Врховен извршува, а Катица Јанева е запознаена за се.
Сите чувме како без Заев не може да помине одлука на Врховен суд. Како без Заев, Катица ништо не правела, како без Заев судскиот систем не може да одлучува самостојно.
Аудио снимката пуштена во јавност е доказ дека во изминативе три години во Македонија нема поделба на власта на извршна, законодавна и судска. Имало еден човек кој бил се, тоа е Зоран Заев, главата на октоподот, шефот на мафијата во Република Македонија.
Ова не е европска иднина.
Ова е само еден од редицата случаи во кои Заев директно се вмешал. За други случаи како што вели и тој самиот судиите кои ги притискал веќе знаат како размислува и носеле одлуки по негов терк и без да прашаат.
Ова е причината поради која угледниот магазин ЕКОНОМИСТ ја прогласи Република Македонија под Заев за хибриден режим.
Криминалот, корупцијата и рекетот мора да запрат. Македонија нема повеќе време за губење.
Ве повикуваме сите граѓани на Република Македонија, кои не сакате криминалот да продолжи да царува да ни се приклучите на протесниот марш организиран од ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот кој започнува од пред ЈО на платото на МОБ, до Врховниот суд на Република Македонија.
Прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала