Ѓорѓиевски-Ле Риголер: Претставена визијата за долгорочен развој на Скопје, заснована на одржливи политики, европски стандарди

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Франција во земјава Кристоф Ле Риголер, на која била претставена визијата за долгорочен развој на главниот град, заснована на одржливи политики, европски стандарди и продлабочена меѓународна соработка.
Како што соопшти прес-службата на Град Скопје, разговорот се фокусирал и на натамошно унапредување на партнерството со збратимениот град Дижон, како и отворање нови можности за заеднички проекти и иницијативи од интерес за граѓаните на Скопје.
-На амбасадорот му ја претставив визијата за развој на Скопје која е заснована на јасна стратегија, долгорочни политики и силни принципи на одржливост. Исто така, разговаравме за продлабочување на соработката со збратимениот град Дижон, истакнал Ѓорѓиевски по средбата.
Тој нагласил дека Скопје се стреми кон целосна интеграција на европските стандарди во економскиот раст, културниот развој и во зелените политики, додека пак амбасадорот Ле Риголер ја изразил подготвеноста на Франција да споделува искуства и иницијативи кои можат значајно да придонесат за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во нашиот главен град.
-Ја нагласивме и важноста од континуирана институционална комуникација и координација, со цел отворање на нови можности за партнерства и долгорочни проекти. Убеден сум дека оваа соработка ќе придонесе Скопје да продолжи да се развива како современ, европски град, кој нуди иновативни решенија и останува широко отворен кон светот, посочил Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
-

10 месеци затвор за вработената во Земјоделие која призна вина за злоупотреби со ИПАРД
-

Кривични пријави за родителите на насилничките од Ѓорче Петров - уште еден инцидент меѓу малолетници во градскиот парк
-

Притвор и кривична за обезбедувачот на премиерот Мицкоски кој физички ја нападна сопругата
-

Град Скопје бара да се пломбира фирмата во Визбегово каде вчера се запали машината за железо
-

Филипче: Како Бугарија ни го загрозува идентитетот?
-

Одбележан 5 мај – Ден на македонскиот јазик
-

Филипче и Мицкоски различно гледаат на економската состојба во државата
