Ѓорѓиевски: Истрагата за рекет е само фарса

Истрагата за рекет е само фарса. Русковска обвинителството прави се само за да ги прикрие трагите кои водат до главата на октоподот.
Шест месеци и беа оставени на Фросина Ременски да влијае на истрагата и да ги чисти доказите, иако уште пред половина година сите знаеја за вмешаноста на Фрики во оваа аферата.
Симболичното замрзнување на партиските функции е само замачкување на очите на јавноста, во ситуација кога нејзиниот шеф Зоран Заев врши јавен притисок врз органите на прогонот прогласувајќи ја за невина.
Иронично е Фросина Ременски да остане пратеник кој ќе го гласа буџетот на Русковска. Осомничената Фросина Ременски ќе носи и закони од областа на безбедноста, а треба да дискутира и за законот за обвинителство.
Иронијата да биде уште поголема, нејзиниот сопруг Јовче Ременски е функционер во новоформираната Агенција за национална безбедност.
Ременски, кој според одредени информации поседува највисок безбедносен сертификат е потенцијален ризик врз истрагата против неговата сопруга.
Дали Јовче Ременски знаел за криминалот кој сега се става на товар на неговата сопруга? Дали свесно ги прикривал и бил соучесник во истиот или нема никаков капацитет за функцијата што ја извршува?
Дирекцијата за класифицирани информации и АНБ треба веднаш да ја преиспитаат одлуката со која му е доделен безбедносен сертификат и да го стават под повторна контрола Јовче Ременски.
ЈО мора да истражи дали Фросина Ременски користела информации и услуги од тајната полиција, со помош на кои го вршела криминалот кој што во моментот и се става на товар.
Јовче Ременски дотогаш мора да биде суспендиран.
Јавноста беше сведок дека тој не размислува два пати кога треба да се закани со апсења и класифицирани информации. Не смее да се дозволи тоа да им го прави и на оние кои ги истражуваат делата на неговата сопруга.
Криминалот не смее да се толерира.
Време е власта да престане да глуми истрага и да се зафати со реално расчистување на случајот Рекет. Со брачни другари на осомничените со сертификати со највисок степен на доверливост во тајните служби тоа не е можно во моментот.
Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
