Ѓорѓиевски: Драчево ќе добие парк од 4.000 м2, а Расадник за брзо ќе добие монтажна гаража
„Од пролет ќе започнеме и со некои покрупни проекти кои што ќе бидат капитални инвестиции наши. Да не изумам да споменам дека ние веќе започнавме со изградба изминативе веќе седум дена со еден од најголемите паркови во Кисела Вода, односно тоа е депонија во Драчево, на површина некаде над 4.000 м2, истата се чисти и на истата треба да изникне новиот парк“,истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода во гостувањето во „Утрински Брифинг“.
Ѓорѓиевски додаде дека Кисела Вода се соочува и со еден проблем, а тоа паркирањето, недостаток на паркинг места.
„Во прва фаза нашето систематско решение ќе биде преку изградба на монтажни гаражи и поставување на истите. Знаете во Расадник дека од страна на минатата власт се започна да се оградува едно место, за жал без целосна документација, без потребна документација за таму, значи нема ни одобрение за градба, ни ништо. Јас заедно со службите изминативе седум дена дадовме се од себе и благодарение на службите веќе сме во финална фаза на завршување на целата потребна документација за да можеме сериозно да се зафатиме со решавање на дел практично од тој проблем. Односно на една локација во Расадник да изградиме една монтажна гаража, а подоцна систематски да решаваме“, појасни Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски посочи дека размислува и на зонското паркирање, но сепак за тоа треба да одлучат граѓаните.
„И да се одлучиме за некоја таква форма ќе треба граѓаните да одлучат, само формата ќе ја заклучиме заедно со нив“, рече Ѓорѓиевски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно