-->
-->
Ѓорѓиев: Да ги сведеме грешките на минимум
-->

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ќе одигра уште еден натпревар против Австрија од Европската лига. По вчерашните 3:0 нашите одбојкари најавуваат нов триумф, но истотака се внимателни бидејќи ривалот може да биде незгоден, како што беше вчера во тертиот сет.
- Првите два сета ги одигравме феноменално и било која репрезентација, исклучок се првите пет од Европа ќе беше совладана. Имавме околу 5-6 грешки во тие два сета, а кога ќе ги сведеме грешките на минимум лесно е да се игра и противникот тогаш греши. Тоа е рецептот за победа и на вториот дуел со Австрија. Првиот натпревар добро го одработевме, со помош и на „нашата статистика“ точно ја знаевме играта на ривалот, но тоа е веќе минато и немаме право на кикс, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.
Синоќа се одиграа и другите два дуела од групата А. Полска како гостин го победи Израел со 3:0, додека Естонија ја совлада Данска со 3:1 и го потврди првото место во групата и пласманот на завршниот турнир.
Табела А група: Естонија 23 бодови, Полска 15, Македонија 13, Австрија 9, Данска 5, Израел 4.
Македонија и Австрија имаат по натпревар помалку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
