Ѓорчев: Заев може да бега од правдата, но не може да избега

Зоран Заев може да бега од правдата, но не може да избега. Благодарение на Бранко Црвенковски се спаси од одговорност за криминал тежок осум милиони евра, а сега благодарение на Катица Јанева се спаси од одговорност за „Пуч“ и директно рушење на уставниот поредок на Република Македонија. Ова го истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
Заев, како што рече Ѓорчев, е единствениот политичар и во Европа и во светот со вакво досие и е привилегиран во однос на останатите граѓани за кои важат законите.
- Катица Јанева знаеше дека има премногу докази кои ја потврдуваат вината на Заев и Верушевски. Затоа Јанева одлучи да му помогне на својот штитеник и да го спаси од одговорност. Доколку и Заев и Верушевски и Јанева беа убедени дека злосторничкото здружение одговорно за „Пуч" е невино, ќе оставеа тоа да се докаже во судска постапка, истакна Ѓорчев.
Вака СЈО, како што додаде, наместо да го гони криминалот, одлучи да се стави во негова одбрана и покажа дека е непрофесионално, партизирано и политизирано.
ВМРО-ДПМНЕ апелира Катица Јанева и другите послушници на Заев да не помислат да украдат, уништат или сокријат макар и еден доказ од предметот „Пуч".
- Ќе има правда и ќе има мир кога криминалци како аболицираниот Заев ќе одговараат пред надлежните судови. Ќе дојде времето кога професионалци кои имаат капацитет и интегритет, ќе работат според Уставот и законите пред кои се заколнале и до крај ќе го процесуираат криминалот на Заев, рече Ѓорчев. дма/мч/15:36
Ново на Сител
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
