Ѓорчев: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите за 10,2 процента
Владата на ВМРО-ДПМНЕ води сериозна грижа за пензионерите, така и ќе продолжи - со зголемување на пензиите. Ние нашите ветувања ги остваруваме и тоа може да се почувствува и види. Затоа треба да им се верува на делата, а не на празните зборови, рече носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ6 Владимир Ѓорчев на денешната прес-конференција во Гостивар.
Ѓорчев оствари повеќе средби со граѓаните на кои, рече, во фокусот беа пензионерите. Оваа категорија граѓани, како што нагласи, се во приоритетите на владата на ВМРО ДПМНЕ.
- Така беше и претходно и во тој правец презедовме многу чекори. Просекот на зголемувањето на пензиите достигна 70 проценти, а најниските и над 90 проценти. Ова го нагласуваме заради фактот дека во времето на ниту една влада со која раководел СДСМ немало покачувања на пензиите, напротив дури и ги намалија за 8 проценти. Сега сакам да најавам и дополнително зголемување за следниот мандат за 10,2, рече Ѓорчев на прес-конференцијата пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар и потсети дека исплатите на пензиите се одвиваат редовно, што не било пример кога СДСМ биле на власт.
Тој потенцираше дека во програмите на партијата биле предвидени и реализирани мерки насочени кон подобар живот на пензионерите, како што се бањската рекрација, која ќе продолжи и зголемен опфат за бесплатен јавен превоз.
- Ќе продолжиме со стимулирање и поттикнуавње на отворањето старски домови, а при тоа ќе се посвети и поголемо внимание околу набавката на медицинска опрема, туѓа нега и низа други програми, додаде Ѓорчев.
Тој потсети и дека владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе години инвестираше во изградба на спортски сали, субвенции за земјоделците, асфалтирање патишта што не било случај кога СДСМ ја имале власта.
Ново на Сител
-
Директор на „Колекторски систем“ во Охрид го оштетил претпријатието за скоро 3 милиони денари
-
На барање на Турција блокиран профилот на уапсениот градоначалник на Истанбул на мрежата Икс
-
Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“
-
Лазаров го одреди составот за мечот со Естонија
-
„Наша песна" на Ѓургевденскиот Фестивал во Бања Лука
-
72-годишна жена почина во пожар во нејзиниот стан
-
Вреди: Таравари им ги украде мандатите на граѓаните кои гласаа против ДУИ
-
Нема нов папа ни по второто гласање на конклавата