Ѓорчев: 10-та победа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата!

Благодариме Македонијо. Победивме уште еднаш. Драги браќа и сестри вечерва денес на 11 декември се случи 10-тата победа на ВМРО-ДПМНЕ, 10:0. Семафорот покажува разлика, покажува победа.Нашиот народ повторно победи, Македонија се спротивстави на црните сценарија. Победивме Македонија секоја победа е драгоцена, истакна Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните на Република Македонија, сите сте свесни дека на овие избори нашата коалиција од 25 политички партии не се бореше само против СДСМ. Не потклекнавме и останавме на нозе. Резултатите велат имаме 20.000 гласови повеќе од СДСМ, но ќе имаме уште повеќе. Благодариме Македонијо, рече Ѓорчев.
Тој додаде дека после 71 година, СДСМ останува партијата која само еднаш и никогаш повеќе победила на парламентарни избори во Македонија, а победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е 10-та по ред.
Ѓорчев изрази голема благодарност до сите коалициони партнери, до граѓаните на Репубика Македонија и до сите етнички заедници од мултиетничката коалиција која ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
