Loading Video...
Фудбал
11. August 2019 - 19:42

Ѓорческа победи на турнир во Германија

Нов успех за македонскиот спорт на меѓународната сцена обезбеди Лина Ѓорческа која триумфираше во дубл на турнирот во Хехинхен Германија кој се играше за награден фонд од 60.000 долари.

Нашата најдобра тенисерка играше во тандем со Кристина Дину од Романија и во финалето денеска го совладаа вториот носител на турнирот , спрско-шпанската двојка Даниловиќ Перез со 2-1 во сетови во меч кој траеше еден ипол час.

Со овој успех Ѓорческа го освои четвртиот трофеј оваа сезона и досега најбогат турнир во нејзината кариера.  Претходно Ѓорческа во Дубл триумфираше во Минск, Есен и Гецо.