-->
-->
Ѓорческа ја освои првата сингл титула во 2017 година
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на фјучрсот во францускиот град Денен, откако попладнево во финалето ја победи Јапонката Мари Осака со 2-1 во сетови (6:2; 5:7 и 7:6 (8:6). Ова е прва сингл титула за нашата тенисерка во 2017 година, а финалистка беше и на фјучрсот во Тунис. Финалниот меч траеше 2 часа и 26 минути.
Мечот нашата тенисерка го почна одлично и направи серија од 4:0 и предноста од два брејка за зачува до крајот на сетот што значеше водство од 1-0.
Во вториот сет до резултатот 2:2 беше изедначено. Потоа Мари Осака направи брејк и поведе со 4:2, но Ѓорческа го врати брејкот и изедначи во финишот на сетот на 5:5. Сепак Јапонката уште еднаш одзема сервис на нашата тенисерка за водство од 7:5 и изедначување на 1-1.
Во решавачкиот сет ниту една тенисерка не успеа да направи брејк, Ѓорческа имаше четири можности, а Осака една. Во тој случај тај брекот го даде победникот на турнирот. На почетокот две тенисерки имаа по два „мини брејка“ 2:2 на поени и на промената на страните беше 3:3. При водство од 5:4 на Осака во тај брекот Ѓорческа имаше ас сервис, а потоа и поведе со 6:5, но не ја искористи првата меч топка на сервис на противничката. Затоа ја искористи втортата меч топка при резултат 7:6 на свој сервис.
За триумфот на овој фјучрс Ѓорческа ќе добие 50 ВТА поени. Турнирот се играше за награден фонд од 25.000 американски долари. Нашата тенсиерка беше и прва носителка на турнирот и ја оправда фаворитската улога.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата