Тенис
8. January 2016 - 13:09

Ѓоковиќ во Доха игра за 16. финале по ред

Новак Ѓоковиќ успеа во 1/4 финалето да го совлада Леонард Мајер со 6-3 и 7-5 и да се пласира во полуфиналето каде за противник ќе го има чешкиот тенисер Томаж Бердих (18ч) кој беше подобар од Кајл Едмунд. Српскиот тенисер има скор од 21-2 против Бердих кој е 6-ти во светот и има 12 титули. 

Во второто полуфинале Рафаел Надал за противник го има најпријатното изненадување на турнирот Украинецот Илја Марченко.