Ѓоковиќ убедлив против Зверев

Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ во второто коло од завршниот мастерс турнир во Лондон за 78 минути игра го победи петтиот на АТП ранг листата, Германецот Александар Зверев со вкупни 2:0 (6:4 и 6:1).
Ѓоковиќ, кој пред овој меч против 10 години помладиот противник, имаше скор 1:1 на АТП турнирите, попладнево триумфот на мечот го најави со доминантна игра уште во првиот сет.
Резултатот на крајот на првиот сет беше 6:4 во полза на Србинот, а отпорот на Зверев беше скршен во последниот гем од сетот на негов сервис, што Ѓоковиќ успеа да го земе за пред се ментална предност над противникот.
Предноста многу јасно се виде уште на почетокот на вториот сет. Ѓоковиќ со фуриозна игра буквално го разнесе противникот добивајќи го вториот сет со високи 6:1. Зверев успеа само да парира во првиот гем на свој сервис, а се останато беше во „режија“ на Ноле.
Во групата А Ѓоковиќ сега има 2 победи од два меча, Зверев има по една победа и еден пораз, а останатите два учесника во групата, Марин Чилиќ и Џон Иснер својот меч од второто коло ќе го одиграат вечерва од 21 часот.
Ново на Сител
-

Спасени 33 лица, десетици илјади сè уште се водат како исчезнати по двојниот земјотрес во Венецуела
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД:Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
