Тенис
26. March 2016 - 14:23

Ѓоковиќ стартуваше со победа во Мајами

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ стартуваше со победа на турнирот во Мајами каде го брани трофејот од минатата година. 

Со резултат 6-3,6-3 Ѓоковиќ го елиминира 21-годишниот Кајл Едмунд кој е 87-ми на рејтинг листата во светскиот тенис и потекнува од Јоханесбург.