Тенис
28. March 2016 - 9:25

Ѓоковиќ продожува со победите во Мајами

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ продожува со победите на Мастерсот во Мајами. Тој ноќеска успеа да го совлада Португалецот Жоао Соуса во меч од 3.коло. Петкратниот победник на овој турнир Ѓоковиќ од 27 меча во Мајами има скор 26-1, а единствениот пораз го има доживеано 2013 година од Хас. Воедно ќе се обиде да го надмине рекородот на Надал од 28 победи во Мајами и да се изедначи со Андре Агаси со шест титули.

Од другите мечеви одиграни синоќа за одбележување се елиминациите на Давид Ферер и на Марин Чилиќ.