-->
-->
Ѓоковиќ победник на турнирот во Доха
-->

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои првиот трофеј во 2017 година, откако вечерва го освои „Катар Опен“.
Вториот светски рекет беше подобар во Доха од во моментов најдобриот планетарен тенисер Енди Мареј (Велика Британија) во меч кој траеше речиси три часа.
Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 6:3, возврати Мареј со 7:5 и успеа да спаси три меч топки на сервис на Ѓоковиќ при резултат (5:4), а во решавачкиот трет сет Србинот беше подобар со 6:4.
За Ѓоковиќ ова беше 67. АТП трофеј, воедно и 25. победа во 36. меѓусебен дуел со Мареј. Со овој пораз прекината е серијата на Мареј од 28 победи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
