-->
-->
Ѓоковиќ опериран, го пропушта Вимблдон
-->
Србинот Новак Ѓоковиќ денеска успешно беше опериран откако го повреди менискусот на десното колено и го очекува подолга пауза од теренот.
Српскиот тенисер се повреди претходно оваа недела на Ролан Гарос.
Според информациите, на 24-кратниот грен слем шампион ќе му требаат три недели за да закрепне, поради што ќе го пропушти настапот на Вимблдон идниот месец.
Ѓоковиќ сака да се фокусира на настапот на Олимписките игри во Париз, кои треба да се одржат од 26 јули до 11 август.
Поради повредата, српскиот тенисер се повлече пред дуелот во четвртфиналето на Ролан Гарос против Норвежанецот Каспер Руд и од следната недела ќе му го лидерското место на светската АТП листа на Италијанецот Јаник Синер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек