Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами, откако синоќа по два сета го совлада 16. пласираниот на АТП листата Италијанецот Лоренцо Мусети со 6:2, 6:2.
Петтопласираниот тенисер во светот дојде до победа по еден час и 23 минути игра.
Во првиот гем од првиот сет Италијанецот направи брејк на сервисот на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер потоа нанижа шест гемови и поведе со 1-0 во сетови.
Ѓоковиќ ја искористи втората брејк топка во вториот гем од вториот сет и со сигурен сервис во следниот гем поведе со 3:0. До седмиот гем двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, кога Ѓоковиќ ја искористи првата меч поен на сервис на Мусети.
Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против светскиот рекет број 25, Американецот Себастијан Корда.
Ново на Сител
-
Протест пред Собрание во организација на иницијативата „Кој е следен“
-
Министерството за образование и СОНК потпишаа нова спогодба за раст на платите
-
Маркови Кули - комплетно неискористен туристички потенцијал на Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова