Ѓоковиќ: Ми местат афери но јас сум луд Србин и ќе победам!

Во последните 5 месеци се води голема медиумска хајка против најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ а за жал таа е поддржана и од Енди Мареј и Серена Вилијамс.
Прво се ширеа дезинформации за допинг и местење натпревари, а воедно му наместија и секс афера со една руска манекенка.
Во моментов против Ѓоковиќ во тек се нападите од страна на тенискиот свет поради неговата лошо протолкувана изјава дека машките тенисери треба да бидат повеќе платени од женските. Ноле на тоа одговори „ Ме кршат психолошки, пред се светските медии. Ги спинуваат моите изјави и измислуваат разни афери кои немаат врска со тенисот. Но јас сум луд Србин и како што изјавив неодамна има доволно инат во мене и желба за докажување и тоа ме турка напред“ изјави најдобриот светски тенисер за италијанскиот „Спорт Газета“.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
