Ѓоковиќ ја нарече неправедна казната на Јаник Синер
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ја опиша тримесечната суспензија на светскиот рекет број еден Јаник Синер поради допинг како „неправедна“.
- Се чини дека можеш да влијаеш на исходот ако си врвен играч и имаш пристап до најдобрите адвокати. Синер и Швионтек се невини, тоа е докажано. Случаите привлекоа големо внимание и тоа секако не е во интерес на нашиот спорт. Разговарав со голем број играчи во соблекувалната не само во последните неколку дена, туку и во претходните месеци. Повеќето од нив се незадоволни од тоа како се одвивал целиот процес. Ова е неконзистентно и одлуката изгледа многу неправедна. Тоа е сè што можам да кажам за ова прашање. Време е навистина да се справиме со системот. Јасно е дека структурата не работи како што треба, рече Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Фернандо Вердаско во двојки забележаа успешен старт на АТП-500 турнирот во Доха (Катар). Тие во првото коло ги победија Казахстанецот Александар Бублик и Русинот Карен Хачанов - 6:1, 6:1 за 50 минути игра.
Ново на Сител
-
Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
-
Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот