Ѓоко Василевски, нов претседател на Советот на општина Демир Хисар
Ѓоко Василевски, дипломиран електро инженер и советник од редовите на ВМРО -ДПМНЕ е новиот претседател на Советот на општина Демир Хисар. Одлуката е донесена со мнозинство советници, на денешната 44. редовна седница.
- Пред изборот на Василевски за претседател, Советот го водеа Кире Ристевски и Јосиф Ристевски кои поднесоа оставки заради настанат конфликт на интереси. Нивните оставки предизвикаа кандидатски поместувања во персоналниот состав на Советот, па така, нивните места ги пополнија Дејан Босилковски и Саше Темелковски. Со овие поместувања од изборната листа на Коалицијата „За подобра Македонија“ остана неангажиран само уште еден кандидат, информираат од Секторот за односи со јавност на општина Демир Хисар.
На денешната седница, советниците разгледаа и усвоија уште седум документи во изворна надлежност на Советот на општина Демир Хисар.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?