Гир: Реформите во правосудството се процес што мора да напредува
Реформите во правосудството со кои ќе се обезбеди владеење на правото е тековен процес што мора да се движи напред, потребни се значајни чекори за натамошен напредок, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир по потпишувањето на Договорот за грант од ЕУ со ЕИБ за пречистителната станица за отпадни води во Скопје.
Гир нагласи оти ќе продолжат да обезбедуваат финансиска и техничка помош во тој процес. Евроамбасадорот нагласи дека мора да се осигура дека ќе има правосудство што ќе ја има довербата на јавноста и кое ќе биде независно, професионално и објективно.
-Како што знаете Европската Комисија секоја година има извештај за земјата која го следи напредокот преку граница во областа на реформите поврзани со ЕУ и природно ова длабински го разгледува прашањето за реформите во правосудството и владеењето на правото бидејќи е суштински елемент во пристапниот процес. Токму затоа го следиме развојот во секоја фаза од самото отварање на преговорите до приклучувањето на земјата, рече Гир.
Оцени дека има напредок во некои области и институции.
-Охрабруваме уште повеќе да напредуваат. Секој граѓанин добро знае дека има сериозни слабости што треба брзо да се решаваат, нагласи Гир.
Ново на Сител
-
Авиолинија од Скопје до Париз со „Изиџет“ следната година
-
Гвардиола: Веројатно многу личам на Мурињо...Но тој освои три, а јас шест титули во Премиер лигата
-
Леао: Фудбалерите на Милан на натпреварот против Сасуоло покажаа што сакаат оваа сезона
-
Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
-
Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров
-
Претрес во Кочани, пронајдена дрога
-
69-годишна жена загина, дете се бори за живот по пад од зграда во Кисела Вода