Гир: Не се точни тврдењата дека ЕУ не ја сака Северна Македонија
Не се точни тврдењата дека Европската Унија не ја сака Северна Македонија за членка на ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, на настанот со кој започнаа Деновите на НАТО во земјава, по повод одбележување четири години од членството на Северна Македонија во Алијансата и 75 години од нејзиното формирање.
-Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и’ пристапи на Европската Унија дали затоа што Унијата не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од Европската Унија. Ниту едно од овие тврдења не е точно. Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од Европската унија. Патот е практичен и многу лесно остварлив, подвлече Гир.
Во тој поглед, додаде евроамбассадорот, го споделувам мислењето дека патот на Европската Унија е пат на просперитет, на зајакнување на демократските вредности и владеењето на правото и е пат на стабилност. Но, исто така, рече, тоа е и пат на безбедност и навистина веруваме дека членството на Северна Македонија во Европската Унија ќе биде од корист за сите нас, рече Гир.
И од овие причини, истакна евроамбасадорот, ја поттикнуваме Северна Македонија да се придвижи што е можно побрзо кон Европската Унија.
-Сакаме оваа земја да биде дел од Европската Унија врз основа на исполнувањето на обврските коишто ги презеде во јули 2022 година, по кои следуваше меѓувладината конференција и скрининг процесот, како и имплементацијата на реформите коишто беа утврдени во текот на процесот на скрининг вклучително и тие коишто се наброени во новиот план за раст и реформи на Европската Унија, рече евроамбасадорот Гир.
На традиционалниот НАТО настан се обрати и шефот на дипломатијата Бујар Османи и првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, како и претставници на дипломатскиот кор во земјава, кои упатија честитки за четиригодишнина од НАТО членството на земјата, нејзиниот придонес во колективната безбедност и дадоа свои видувања за тековните глобални предизвици.
Ново на Сител
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра
-
Четири малолетнички нападнале своја врсничка, која ја познавале, а настанот го снимиле со телефон и го споделиле на социјални мрежи