Гир: Фон Дер Лајен направи лапсус кога рече „северномакедонскиот народ“
– При посетата на земјава, претседателката на Европската комисија Урсула Фон Ден Лајен, во нејзиното обраќање направи лапсус и рече „северномакедонскиот народ“, а тоа беше единственото нешто на кое вие се задржавте од таа посета, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.
Одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8 во Куманово, Гир истакна дека Фон Дер Лајен покажала огромна поддршка за Северна Македонија и оти не ја посетила земјава со „празни раце“. Потсети на Договорот со Фронтекс и паричната помош за справување со енергетската криза.
– Ова е трета посета на претседателката во една година, што е исклучително, со што мислам дека таа демонстираше огромна лична посветеност и посветеност на Комисијата за европскиот пат на земјава, посочи Гир.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
