Гинисовиот фудбалски рекордер Абреу стави крај на кариерата
Легендарниот фудбалски глобтротер, уругвајскиот напаѓач Себастијан „Локо“ Абреу, стави крај на својата 24-годишна кариера во која постави Гинисов рекорд настапувајќи за 31 различен клуб.
– Дојде денот кога, за промена, јас давам отказ, изјави 44-годишниот Абреу, откако денеска го осигра својот последен натпревар во кариерата во дресот на Суд Америка во уругвајското првенство.
Кариерата во која постигна 437 голови Абреу почна во уругвајскиот клуб Дефенсор, а во својата родна земја настапуваше и за Наџионал, Бостон Ривер, Америка и Централ Еспањол.
Го носеше дресот и на три аргентински гиганти – Сан Лоренцо, Ривер Плата и Росарио, а смени и по шест бразилски и мексикански екипи.
Кариерата го селеше овој фудбалски глобтротер и во Еквадор, Салвадор, Парагвај и Чиле, а од европските екипи настапуваше за Депортиво Ла Коруња, Реал Сосиедад, Арис и Беитар.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
