Балкан
23. January 2017 - 11:23

Гинеколози осудени на 2 години затвор поради смрт на пациентка

Гинеколозите од Клиничкиот центар на Србија Гордана Милетиќ и Вера Миленковиќ денекса во Првиот основен суд во Белград се осудени со првостепена пресуда на по две години затвор поради несовесно лекување на Лилјана Арамбашиќ (18).

Таа почина во февруари 2002 година од последиците на пукање на слепо црево. Судот на докторите им изрече и мерка за безбедност - забрана за вршење на дејност во трање од 2 години.

Лекарите Србољуб Миличевиќ, Александар Јовановиќ и Милош Радовиќ се ослободени од вината.

Инаку Љиљана на 15 февруари 2012 поради силни болки во стомакот се јавила во белградскиот Ургентен центар, а дежурниот хирург проценил дека нејзините здравствени тегоби се од гинеколошка природа, па е испратена на Гинеколошко- акушерската клиника.

Од ГАК Љиљана, поради тоа што постојано врескала, е упатена на Институтот за психијатриски болести „Лаза Лазаревиќ“, каде лекарите веднаш заклучиле дека не е пациент за нив и ја упатиле во Ургентниот центар.

Foto: Privatna arhiva

Поради високата температура не е хоспитализирана во Ургентниот центар, туку упатена во Институтот за инфективни и тропски болести, каде е примена на 21 февруари. По приемот во болница паднала во кома и починала.