Гинекологија доби донација од сто перници за трудници и доилки
Сто специјални, анатомски перници за трудници и доилки доби денеска Клиниката за гинекологија и акушерство.
Станува збор за донација во вредност од 200.000 денари собрани на хуманитарниот едукативен симпозиум на тема „Современи стоматолошки методи и техники“, што го организираше Стоматолошката комора на Македонија по повод 20-годишнината од нејзиното постоење.
Потпретседателот на Стоматолошката комора на Македонија, Марија Андоновска по доделувањето на донацијата истакна дека ќе продолжат да работат за унапредување на стоматолошката дејност и да ги негуваат активностите од хуманитарен карактер.
Како новитет во нивното работење истакна дека со последната одлука која ја имаат донесено, сите нивни членови кои се трудници во годината кога ќе користат породолно боледување Стоматолошката комора ги ослободува од плаќање членарина.
Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Марија Хаџи Лега се заблагодари за донацијата и посочи дека перниците ќе им помогнат на идните трудници многу полесно да го поминат и периодот после породување, како и периодот во тек на хоспитализација на одделите за патолошка бременост и за перипартална интензивна нега и на тој начин да им овозможат полесен престој во Клиниката.
- Овој убав гест треба да послужи како пример и на другите комори и организации, затоа што имаат бенефит и им помагаат на новороденчињата и на идните мајки во нашата земја. Годинава Клиниката ќе ја заокружи со бројка од 6.000 породувања, додаде Хаџи Лега.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови