Гинекологија апелира до пациентите да се јават на преглед само во исклучително нужна и итна ситуација
Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје упатува апел до пациентките кои имаат закажано преглед преку „Мој термин“ да се јават само во исклучително нужна и итна ситуација со цел намалување на приливот на пациенти, редуцирање на метежот во амбулантите и превенирање од ширење на коронавирусот.
Апелот особено важи за категоријата на пациентки од над 65-годишна возраст кај кои е највисок ризикот од евентуална зараза од коронавирусот.
– Заради утврдување на итноста од преглед на пациентките, ЈЗУ У ГАК ќе испрати циркуларно писмо до матичните гинеколози кои ќе треба да прават строга селекција на итност согласно состојбите на пациентките. Службата за известување при ЈЗУ У ГАК телефонски ќе ги информира пациентките за откажување на прегледи кои не подразбираат итно доаѓање на Клиниката за преглед, се вели во соопштението од Управата на ЈЗУ У ГАК.
Апелот до пациентките целосно да ги почитуваат мерките за превенција од коронавирус упатени од Министерството за здравство е согласно донесените мерки од Владата на Република Македонија во функција за превенција од ширење на оваа болест.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска