Ги извадил ребрата и ги донесе во емисија: Светот е згрозен!

Бразилецот Родриго Алвес (34) ја шокираше јавноста кога на почетокот на јануари извади дури четири ребра, а сега „човечкиот Кен“, како што го нарекуваат медиумите поради сличноста со партнерот на куклата Барби, истите тие ребра во стаклена тегла ги донесе на гостувањето во утринската програма на британската ТВ емисија This Morning'.
-Знам дека операцијата можеше да биде погубна за живот, но докторите ми ги отстранија 11 и 12 пар ребра кои се познати и како „лажни ребра“, и не одеа близу рбетниот мозок. Јас сум единствен маж на светот кој го направил тоа и не ми е непријатно да зборувам за тоа. Мислам дека е тоа голема работа, посебно за Холивуд, рече стјуардот. Зафатот го платил 2400 долари, а целата снимка е во ноговата нова емсија „Светот на Родриго“.

Зависник од пластични операции ребрата ги извадил во клиниката 'MiKO Plastic Surgery' на Беверли Хилс во Калифорнија, а за време на гостувањето откри дека тој всушност сакал да извади шест, но лекарот му рекол да не го прави тоа.
-Бев кај тројца лекари, двајца во Европа и еден во Америка. Сите рекоа дека нема шанси да ми извадат шест ребра, па се задоволив со четири. Бев на операција и многу сум среќна, рече Алвес.
За време на гостувањето неговите ребра беа цело време во тегла покрај него. Вели дека на зафатот се одлучил „за да му стојат палтата поубаво“.
-Кога ми беа сите ребра на број, морав да ги прекројувам своите палта за да ми стојат подобро, зошто некои беа претесни. Сега повеќе немам таков проблем, додаде тој. Инаку Родриго бил на 60 зафати за кои потрошил стотици илјади долари.
Ново на Сител
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
-

ФЗО констатирал злоупотреби кај секое 5-то издадено боледување на вработени во МВР
-

Средба Муцунски - Кос во Брисел, се бара достоинствено решение на спорот со Бугарија
-

Мицкоски потврди - владина реконструкција во мај или јуни
-

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР - основа за измена на изборниот законик
