Ги исфрлила овие намирници од исхраната и мозолчињата почнале да исчезнуваат
Сега нејзиниот тен е многу поздрав и понежен, а Рејчел истакнува дека и понатаму ќе се грижи за исхраната, како и за здравјето на кожата.
22 – годишната Рејчел Кревли одлучила јавно да го сподели своето искуство во лекувањето на акните, но и за проблемите со кои се соочувала поради осуда и исмејување од своите врсници.
Во искреното обраќање, младата девојка истакнала дека после долго омаловажување, одлучила да направи нешто за себе и конечно да направи некои промени.
Па така, освен што и посветила посебна нега на кожата и посветила внимание и на својата исхрана.
Прво почнала да експериментира, за да утврди кои намирници и одговараат од прилика, кога сфатила дека шеќерот е еден од главните виновници кој кај неа поттикнува зголемено создавање на акни и мозолчиња.
Освен шеќерите, на овој проблем негативно влијаеле и јаглехидратите, а интересно е тоа што дури и оние кои се познати како здрави јаглехидрати (како интегрален ориз и овесна каша), исто така имале лошо дејство.
Кога престанала да ги јаде, забележала неверојатни промени. „Само три дена откако престанав да ја јадам споменатата храна и го зголемив внесот на масти (здрави масти) – акните престанаа да се појавуваат”, раскажала Рејчел воодушевено.
После краток период на испробување различни намирници, сфатила дека за здравјето на нејзината кожа најмногу одговара веганската исхрана.
Покрај зеленчукот кој најмногу е застапен во нејзината исхрана, таа и понатаму себеси се почестува со здрави слатки, како што се колачиња од какао и путер од кикирики.
Кога ќе го исфрлите шеќерот од вашата исхрана, вашите вкусови се менуваат и повеќе ја немате онаа силна потреба за слатки”, додала таа.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори