Г.г. Стефан се заблагодари за поддршката и помошта од Бугарија

Поглаварот на Македонската православна црква -Охридска архиепископија г.г Стефан изрази благодарност до Бугарија, премиерот Бојко Борисов и Владата за поддршката и помошта што им ја даваат на православните верници во земјава.
-Благодарам од се срце од името на сите православни верници во Македонија. Благодарам за љубовта со која се однесуваат кон нас бугарската Влада, премиерот и државата, изјави г.г. Стефан за Бгнес по повод одлуката на премиерот Борисов, македонски владика да оди со бугарскиот владин авион во Ерусалим за преземање на велигденскиот благодатен оган.
Премиерот Биросов денеска имал средба со старозагорскиот митрополит Кипријан кој е раководител на Комисијата за регулирање на статусот на МПЦ-ОА што беше формирана кон крајот на 2017 година откако македонската црква и се обрати за помош на бугарската црква. На средбата бил прецизиран начинот на кој благодатниот оган на Велигден ќе и биде предаден и на МПЦ-ОА.
Токму старозагорскиот владика Кипријан годинава ќе патува во Ерусалим по благодетниот оган со владиниот авион, а во црковната делегација ќе биде и македонски епископ, по барање на МПЦ-ОА.
Бугарската православна црква првпат благодатниот оган и предаде на МПЦ-ОА минатата година.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
