Гевгелиската гимназија ја одложи екскурзијата за Италија
Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ поради корона вирусот, донесе одлука за одложување на училишната екскурзија во Италија која требаше да се реализира кон крајот на мај од страна на учениците од трета година.
– Одлуката за одложување на екскурзијата следеше по одржаните средби со учениците и Советот на родители, на кои учениците и родителите беа информирани за задолженијата од Министерството за образование и наука за одложување на патувањата за Италија како и за другите превентивни мерки за заштита од корона вирусот, соопштија денеска од гевгелиското средно училиште.
Во ова, како и во сите основни училишта на територијата на општина Гевгелија веќе се применуваат мерките за превентивна заштита од корона вирусот во поглед на едукацијата на учениците и примената на задолжителните хигиенски мерки.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани