Македонија
12. November 2023 - 16:39

Гевгелија како туристичка дестинација

Добрата местоположба, близината со граничниот премин со Грција, но и богатата гастрономска понуда направија Гевгелија да биде атрактивна дестинација за транзитните туристи. Според првичните бројки на општината во шпицот на сезоната,  во Гевгелија биле реализирани и по околу 1000 ноќевања на ден. За разлика од порано кога освен србите  главни туристи биле босанските и унгарските државјани, последните години се поголем е бројот на гостите од Романија кои во Гевгелија остануваат и по неколку денови.

Градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов смета дека туризмот прераснува во една од главните стопански гранки  во општината и затоа најавува низа нови содржини кои треба да ги привлечат туристите. Во таа насока биле и новиот фестивал ,, Вкуси го југот,,кој за прв се одржа годинава, збогатената програма на гевгелиско културно лето, но и возобновувањето на неколку фестивали.

Со цел поголема промоција и привлекување на што повеќе туристи општина Гевгелија веќе има и специјална туристичка платформа преку која се претставени главните столбови за туристичкиот потенцијал на општината. Покрај новите содржини кои веќе се планираат за следната сезона, од општината најавуваат и поголемо учество на сите значајни саеми за туризам на кои ќе се претстават гастрономијата, но и богатото природно, културно и историско богатство со кое располага југот на Македонија.