Гевгелија го одбележува Денот на независноста

По повод Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември, вечер под покровителство на општина Гевгелија ќе се одржат два културни настани во рамки на националната манифестација „Бела ноќ“.
Одбележувањето на овој голем ден за нашата земја ќе почне со отворање на самостојната изложба на фотографии „Кокино-мистичен шепот низ вечноста“ на авторот Љупчо Илиевски. Организатор на изложбата е народната установа „Музеј Гевгелија“ од каде информираа дека во наредните седум дена, во галеријата „Амам“ посетителите ќе можат да го видат заробениот миг на изворот на светлината и движењето на месечината во магичната средба со Кокино, древната мегалитска опсерваторија во Македонија.
Вториот културен настан е концертот на камерниот оркестар од Битола, насловен „Рок симфонија“ кој ќе се одржи во салата на Народниот театар. Покрај камерниот оркестар, во изведбата на големите рок хитови од „Квин“, „Дип Парпл“, „Лед Цепелин“ и други ќе настапат Мики Секуловски, Жарко Јакимовски, Нико Ѓоргиевски и Петар Христов.
Од службата за односи со јавноста на општина Гевгелија потврдија дека во манифестацијата „Бела ноќ“ ќе се вклучат и угостителските објекти во градот на кои вечер работното време ќе им биде продолжено за два часа.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
