Македонија
12. December 2022 - 16:21

Гевгелија: 27 годишник во својот дом си направил импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Р.Ј.(27) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 07.12.2022 полициски службеници извршиле преглед кај лицето и претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле хероин, марихуана, саксии со стебла од растението канабис и импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.