Гешев: Радев, Борисов и Каракачанов да не си прават празни муабети
Минатата недела сите му даваа памет на обвинителството. Претседателот Румен Радев ни кажува каде го гледа обвинителството, премиерот Бојко Борисов ни кажува кој да биде притиснат, и бизнисмени и социјално слаби консултанти, како Домусчиев и Ковачки, ни даваат ум. Красимир Каракачанов и Корнелија Нинова, исто така, се празнат со обвинителството. Место да си прават празни муабети, нека си ја вршат работата за која се избрани, изјави бугарскиот главен обвинител Иван Гешев, пренесен од БГНЕС.
– Нема да дозволам обвинителството да биде вмешано во ситни игри. Никој не може да му кажува на обвинителството што да прави и што да не прави – подвлече Гешев.
– Ние знаеме што треба да направиме. Бугарските граѓани очекуваат да го обезбедиме ред и мирот. Обвинителството знае што треба да прави со себе, знае против што се исправа. Обвинителството многу добро знае што ќе заврши и што бугарските граѓани да очекуваат. Немаме потреби да бидеме советувани и да не мешаат во ситни политички игри – повтори Гешев.
– За нас е важно да има кривична одговорност – додаде уште главниот обвинител.
Во однос на Васил Божков, Главниот обвинител додаде дека тие немаат официјална информација дали осомничениот бизнисмен е ослободен од притвор во ОАЕ.
– Во оваа земја нема пракса да се приведуваат милијардери, дури и беше зачудувачки што толку долго време го задржаа во притвор. Вообичаено на таквите само им се зема пасошот. Ние ќе бараме екстрадиција, да се врати во Бугарија за тука да му се суди. Има нови обвиненија и за криење на културно-историски вредности – рече уште Гешев.
Ново на Сител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања