Германските земјоделци го попречуваат пристапот до аеродромот во Франкфурт

Протестот со трактори на германските земјоделците кои се противат на укинувањето на даночните олеснувања за дизелот што го користат, деенска го поремети пристапот до аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата.
– Сообраќајот е околу аеродромот е преметен. Се замолуваат луѓето кои одат на аеродромот да користат јавен превоз, соопшти полицијата во Франкфурт преку социјалната мрежа Х.
Полицијата не соопшти колку трактори делумно го блокираат приодот до најголемиот аеродром во Германија, но весникот „Билд“ пренесува дека ги има околу илјада.
Аеродормските власти преку својот веб портал ги советуваат патниците да планираат повеќе време за пристигнување, и посочуваат дека редот на летање не е нарушен.
Германија во изминатите денови е погодена од повеќе протести.
Неколку аеродроми беа парализирани во четвртокот поради штрајкот на безбедносниот персонал за да се изврши притисок врз колективното договарање во секторот.
Синдикатот на пилотите Дискавер, филијала на германската авиокомпанија Луфтханза, повика на нов 48-часовен штрајк во недела и понеделник.
Пилотите бараат воведување нов систем за плати и регулативи за часовите на летање и времето за одмор.
Минатата недела земјата беше погодена и од повеќедневен штрајк на машиновозачите на јавното железничко претпријатие Дојче Бан.
Ново на Сител
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
