Германските власти испитуваат дали крајната левица е поврзана со експлозиите во Дортмунд

Неколку германски медиуми јавија дека во белешката, што беше пронајдена по вчерашниот напад врз автобусот на фудбалскиот клуб „Борусија Дортмунд“ е користена радикална исламистичка реторика.
Германската полиција, сепак, не е сигурна дали таа е автентична или е обид за измама на властите.
Германските иследници го проверуваат и второто писмо, што беше објавено на антифашистички онлајн портал, според кое нападот е одмазда за мекиот пристап на тимот кон неонацистичките и расистичките фанови.
На социјалните мрежи синоќа беа објавени неколку текстови, напишани во стилот на германската крајна левица, јави ДПА, посочувајќи дека во нив се наведува оти раководството на клубот не сторило доволно за да се спротивстави на расизмот, нацизмот и екстремнодесничарскиот популизам.
Претходно весникот „Велт“ објави дека до местото на вчерашната експлозија е најдена белешка, со што е преземена одговорноста за нападот. Во текстот бил наведен терористичкиот напад на божиќниот базар во Берлин и учеството на германските воени авиони во конфликтот во Сирија.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
