Германските виролози не ја исклучуваат можноста од неконтролирано ширење на Ковид-19
– Друштвото за вирологија на Германија денеска предупреди на страшни последици од неконтролирано ширење на новиот коронавирус престојната зима во земјата.
Друштвото апелираат на научно засновано дејствување против пандемијата.
– Поради експлозивната динамика на инфекцијата, што е забележана ширум Европа постои стравување декаод некоја одредена точка ќе дојде до губење на контрола над заразата, истакнуваат виролозите.
Тие жестоко се против имунитетот на стадото,бидејќи тоа би можело да доведе до преоптоварување на здравствениот систем. Според нив германскиот систем би бил преоптоварен поради недостиг на персонал на интензивна нега ако би имало околу 20.000 новозаразени со Ковид-19 на дневно ниво, како и дека неконтролираното ширење на заразата би довело до големброј на смртни случаи.
Виролозите истакнуваати дека се уште не е докажано колку долго трае имунитетот стекнат по инфекцијата, додавајќи оти кај асимптоматските случаи,п ред се кај младите лица, не постои стабилен имунитет.
Ново на Сител
-
Студено со негативни утрински температури
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли