Германските пратеници изгласаа делумна забрана за носење бурка
Пратениците во Долниот дом на германскиот Парламент го изгласаа законот за делумна забрана носење бурка.
Станува збор за женска облека која ја носат муслиманските жени, со која не само што е покриено телото, туку и целосно е покриено лицето.
За законот да стапи во сила, сега е потребно тој да биде усвоен и во Горниот дом на Парламентот.
Според одредбите на законот, муслиманките не може да носат бурка на работните места, доколку се вработени во јавниот сектор, во судството и во армиските сили.
Германските десничарски партии, бараа од владата на канцеларот Ангела Меркел, целосна забрана за носење бурка на јавно место. Франција е единствената земја од европскиот Запад, каде бурката е забранета уште во 2011 година.
Повеќе од еден милион мигранти, дојдоа во Германија во изминатите 18 месеци, најголемиот дел од нив, од Блискиот Исток.
Мал број од германските муслиманки носат бурка, затоа што тоа не е облека која ја облекуваат жените во сите муслимански држави.
Забраната за бурката е донесена како потреба за интегрирање на мигрантите во стандардите на германското општество, но и од безбедносни причини, зошто целосно го затскрива идентитетот.
Германија беше изложена на неколку џихадистички терористички напади, од кои најтежок беше оној во Берлин, на божикниот пазар, кога џихадист, со украден камион влета меѓу купувачите и пешаците, убивајќи 12 лица.
Ново на Сител
-
И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
-
АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп
-
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош
-
Детектор анкета: Американската црна листа поттикнува истраги во Македонија
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Струмица, стапуваат во сила мерки и препораки
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека