Германските инвеститори со лоша оценка за Владата зашто се фокусирала само на надворешната политика
Сконцентрираноста кон надворешната политика, го одвлече вниманието од економијата. Поради ова, ниту еден од германските инвеститори во земјава не рекол добро за работата на Владата, а дури 46 отсто истакнале дека е лоша, покажува последната анкета за деловната клима спроведена меѓу членовите на Македонско-германското стопанство.
Компаниите бараат правна сигурност, безбедност и предвидливост за да ги планираат и реализираат инвестициите, очекуваат поголема вклученост во донесувањето на законските измени, како и натамошна, уште поинтензивна борба со корупцијата и криминалот. Сметаат и дека се избрзало со даночните реформи.
Сепак, најавуваат нови инвестиции и проширување на постојните.
Според анкетата што ја презентираше денеска директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, 76 отсто повторно би инвестирале тука, а 61 процент од компаниите сакаат во земјава да се воведе евро.
Во однос на економската ситуација, 56 проценти од инвеститорите за 2018-та дале лоша оценка, а за годинава се оптимисти, иако 54 проценти не се надеваат на поголеми промени.
Клучните проблеми, напомена, и натаму се недостигот на стручен кадар, недовербата во судството, неефикасната администрација, даночните оптоварувања и непредвидливата политика кон стопанството.
Во анкетата, позитивно се оценети трошоците на труд, продуктивноста и подготвеноста на персоналот за работа.
Според Мартенс, странските инвестиции во државата се уште не го достигнале својот максимум.
– Вкупно 43 отсто од компаниите планираат да ги зголемат инвестициите, 48 проценти не планираат нови инвестиции, а 10 отсто планираат да ги намалат своите инвестиции. Во однос на бројот вработени, 39 отсто најавуваат нови вработувања, 51 процент ќе останат на истиот број вработени, додека 10 отсто планираат да ги намалат вработувањата, рече Мартенс, додавајќи дека при планирањето на инвестицијата, компаниите обично се одлучуваат за оние региони каде неврабтеноста е поголема, само за да имаат кадар.
Одговорајќи на новинарско прашање дали „Дрексел маер“ планира да си замине од земјава, Мартенс беше категоричен и повторно рече дека тоа се муабети „рекла – казала“: – Земјава има проблем со „рекла – казала“. Такво нешто не сум слушнал, ниту можам да замислам особено зашто оваа компанија е дел и од проектот за дуално образование, подвлече Мартенс.
Во однос на новите инвестиции, откри дека се работи за компании од машинската и автомобилската индустрија, но не само од Германија, туку и од САД и Австрија.
Во земјава засега работат преку 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица. Трговската размена, пак, со Германија минатата година достигна 3,6 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
-
Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари