Германскиот претседател ги повика граѓаните да гласаат

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја искористи можноста за време на неговото гласање да им се заблагодари на помагачите на изборите, кои во Германија ги има околу 675.000.
Тој ги повика и граѓаните со право на глас да излезат на изборите.
– Искористете го своето право на глас, излезете на гласање и одлучете за иднината на нашата земја со мислата дека вашиот глас може да биде одлучувачки, рече Штајнмаер додека гласаше во берлинско училиште кое, како и многу други во Германија, служи како избирачко место.
Германците денеска избираат 630 пратеници за новиот состав на Бундестагот, додека предизборните анкети покажуваат дека опозициските демохристијани и екстремната десница, исто така опозициска Алтернатива за Германија (АфД) имаат најголема поддршка, но ниту една партија нема да има доволно пратеници за сама да формира влада.
За функцијата нов лидер на Германија се борат четворица кандидати: актуелниот канцелар Олаф Шолц од Социјалдемократската партија (СПД), Фридрих Мерц, кандидатот на главната конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ), актуелниот вицеканцелар Роберт Хабек од еколошката Зелена партија и Алис Вајдел од крајната десничарска, антиимигрантска Алтернатива за Германија (АфД).
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови сведоштва: Стојанче со години ја малтретираше Ивана
-

Одложено судењето за 13 полицајци за кочанската трагедија
-

Владата ќе анализира дали се оправдани најавите за зголемување на цената на лебот
-

Сеидбата на ориз под знак прашалник, производната цена вртоглаво расте
-

Климатските промени негативно влијаат врз земјоделските култури
-

159 деца повредени во сообраќајки, невниманието најчеста причина
-

Преглед на вестите од светот
