-->
-->
Германскиот амабасадор во Виена - специјален пратеник за Македонија
-->
Германското министерство за надворешни работи денеска назначило нов специјален пратеник за Македонија. Во објавата на Министерството се вели дека министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го именувал Јоханес Хајндл за нов пратеник којшто ќе работи заедно со Европската Унија и САД и ќе помага при решавање на кризата во Македонија.
Пред назначувањето на Хајндл, за специјален претставник на Германија за Македонија, Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА беше дипломатот од кариера Ернст Рајхел кој минатиот месец беше назначен за амбасадор на Сојузна Република Германија во Украина.
Во објавата на германското МНР се вели дека Хајндл е назначен за пратеник само за Македонија без да се споменуваат Турција, Југоистична Европа и земјите на ЕФТА.
Хајндл е актуелен германски амбасадор во Австрија. Тој пред 14 години работел како шеф на одделот за Југоисточна Европа и Турција во германското МНР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полицијата пристигнува во зградата на РТВ во Нови Сад во пресрет на денешниот студентски протест
-
Израел: Постара жена убиена во терористички напад во Херцлија
-
ФСБ: Американец осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци на руски државјани
-
Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето
-
Забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа поради силниот ветер
-
Дончиќ поради повреда ќе отсуствува најмалку еден месец
-
Финска задржа руски брод, под сомнение дека е поврзан со саботажа во Балтичкото Море
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка