-->
-->
Германски министер за здравство: Пандемијата на коронавирусот не е завршена
-->
Пандемијата на коронавирусот сè уште не е завршена, предупреди германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.
Тој истакна дека има значително зголемување на бројот на заразени во некои азиски земји, како Северна Кореја, но и во делови од Европа.
– И во Германија во просек од 130 до 150 луѓе умираат секој ден од Ковид. Значи, ставот дека пандемијата е поразена е погрешен, им рече Лаутербах на новинарите во Берлин.
Тој денеска и утре одржува дводневен состанок со колегите од Групата седум индустриски најразвиени земји.
Американскиот министер за здравство Ксавиер Бисера требаше лично да присуствува на состанокот, но вчера во Берлин доби позитивен тест на коронавирусот. Тој ќе присуствува на средбата преку видео врска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром