Германски министер бара затвор за политички лаги и манипулации преку интернет
Министерот за правда на Германија, Хајко Мас бара акција во која покрај социјалните мрежи, како Фејсбук и Твитер, треба да се вклучат и судовите и јавното обвинителство, кои треба да ги санкционираат појавите на дистрибуција на лажни вести на интернет.
Социјалдемократот Мас за неделното издание на весникот „Билд“ вели дека принципите за слобода на изразување не важат за клевета.
- Навреда и злонамерно озборување не се покриени со слобода на изразување, вели Мас, само некоку дена откако германската Влада повика Фејсбук и другите социјални мрежи да ги спречат лажните вести на интернет.
Според Мас, судските власти мора да го гонат секој криминал вклучително и оној на интернет за што треба да следуваат казни до пет години затвор.
- Секој што се обидува да ја манипулира политичката дебата со лаги треба да биде свесен за последиците, истакна министерот за правда на Германија.
Прашањето за лажните вести во земјата стана приоритетно откако германските и американските безбедносни служби предупредија дека Русија се обидува со лажни вести да влијае на јавното мислење.
Од вкупно над 218 илјади случаи за клевета и навреда за кои е поведена парница во Германија во 2015 година само неколку кои се случиле преку интернет имале судска разрешница.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија