Македонија
10. October 2016 - 8:55

Германски „Костал“ почнува со производство во Македонија

Германската компанија Костал денеска ќе го означи почетокот на производството во Македонија.

Капацитетот е лоциран во Охрид, како браунфил инвестиција во поранешен ЕМО во село Косел. Подоцна се планира да изгради и сопствен капацитет. Најавено е реализација на 1000 нови работни места.

Костал е семејна фирма и познат снабдувач со напредни електронски технологии, електромеханички и мехатроничи производи за големи индустриски капацитети. Присутна е на 38 локации во 17 земји.