Свет
21. March 2018 - 19:29

„Германски фонд Маршал“ е непожелна организација во Русија

Руското Министерство за правда денеска соопшти дека американската невладина организација „Германски фонд Маршал“ ја додала на списокот на организации, чија дејност е непожелна во Русија.

Во соопштението не се откриваат мотивите за таквата постапка, и само се информира дека одлуката е донесена врз основа на законот „за мерките за дејствување против лица кои ги кршат основните човекови права и слободи, правата и слободите на граѓаните на Руската Федерација“.

На таков начин во Русија за непожелни се прогласени 14 невладини меѓународни организации.

„Германски фонд Маршал“ е организација за истражувања и анализи, со седиште во Вашингтон, а има канцеларии во неколку европски држави