Германската сатирична Партија се попопуларна на социјалните мрежи
Германска политичка партија која ветува дека ќе дозволи возење во пијана состојба, ќе го стават кокаинот на листата лекови и дека ќе го киднапираат турскиот претседател, има апсолутно водство, но само на социјалните мрежи.
Партијата Die PARTEI (што е всушност кратенка за Партија за труд, правда, заштита на животните, промоција на елитите и коренита демократска иницијатива) е основана 2004 година, од уредниците на сатиричното списание Титаник. Лидер на партијата е стенд-ап комичарот Сердар Сомунсу. Изминативе месеци тие го надминаа бројот на „следачи“ на сите други германски партии, меѓу кои и на десничарската Aлтернатива за Германија (АФД).
Само во август, десничарите на Фејсбук имале 440.000 интеракции, што е дури шестпати повеќе од партијата на Ангела Меркел. Но, сатиричната Партија собра 31.608 нови фанови.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата