Германска донација за кочанската детска градинкa

Намалување на листата на деца кои чекаат да бидат примени во градинката и проширување на капацитетите на детската установа е бенефитот од донацијата од Германската амбасада која што чини околу 5.000 евра, а е спроведена преку Фондот на мали проекти на Германската амбасада.
Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер денеска беше во посета на кочанската градинка „Павлина Велјанова“ објект „Ѕвездички“ за да се увери во реализираниот проект.
- Поводот за посетата е донацијата од Фондот на малите проекти на Германската амбасада. Со оваа донација успеавме да овозможиме повеќе деца да бидат примени во градинката бидејќи тоа беше проблемот со кој што се соочуваше градинката кога аплицираа одговорните, рече германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер.
Проектот вклучува купување опрема од 50 масички, 50 столчиња и 50 креветчиња со душечиња. Вредноста на овој проект изнесува 4.644 евра.
- Бенефитот од овој проект најмногу го почуствуваа вработените и децата заради тоа што се унапреди воспитно – образовната работа со децата од предучилишна возраст и се збогатија условите за проширување на капацитетите и се намали листата на деца кои чекаа да се вклучат во Програмата за рано учење и развој, истакна Лидија Серафимова, директор на ДГ „Павлина Велјанова“.
На средбата во општина Кочани, градоначалникот Ратко Димитровски и амбасадорката Алтхаузер разговарале и за инвестициската клима во општината, а после градинката посетија и две компании во Кочани што имаат директни стопански врски со Германија.
- Имавме конкретни разговори околу целокупната соработка на Република Македонија поточно Кочани со Германската амбасада. Разговаравме во делот на стопанството односно кои се компаниите во Кочани што имаат можност за соработка со германското стопанство и конкретно да се заблагодариме за донацијата, рече кочанскиот градоначалник.
Ново на Сител
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
