Германија загрижена за неспроведувањето на Договорот од Пржино
Специјалниот ополномоштеник за Западен Балкан, Турција и државите на ЕФТА, Ернест Рајхел, на 28 октомври 2015 година го поканил на разговор македонскиот амбасадор во Берлин, Сашо Марковски, во Министерството за надворешни работи, за да му ги пренесе разочарувањето и загриженоста на Сојузната влада за имплементацијата на спогодбата од Пржино, која се уште изостанува, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје.
- Како и петте амбасадори во својата изјава од 27 октомври 2015 година во Скопје, д-р Рајхел исто така истакна дека ВМРО-ДПМНЕ мора да ја покаже потребната волја и најбрзо што може конструктивно да ги спроведе спогодбите од 2 јуни и 15 јули 2015 година, стои во соопштението од Германската амбасада.
Целта на Спогодбата, се додава во соопштението, е да се создадат еднакви шанси за сите партии за претстојните избори, пред се, преку спроведувањето на препораките за реформи содржани во т.н. Прибе-извештај. Понатамошното неспроведување ќе има последици врз оценувањето на земјата од страна на Европската комисија за претстојниот извештај за напредок.
- Д-р Рајхел, исто така нагласи, дека СДСМ мора и понатаму да се однесува конструктивно и да се придржува до обврските преземени со спогодбата од Пржино, особено да не објавува понатамошни снимки од телефонски разговори, се наведува во соопштението од Германската амбасада.
Ново на Сител
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта