Германија воведува промени во воената служба

„Ова е одлучувачки чекор кон зголемување на одбранбената подготвеност на Германија“, додаде германската Влада.
Новиот концепт предвидува задолжително вклучување на сите 18-годишни мажи во воените регистри. Според законот за воена служба, што треба да стапи на сила на почетокот на следната година, младите мажи кога ќе наполнат 18 години ќе треба да пополнат прашалник за мотивација и да се подложат на лекарски преглед. Оваа постапка би била задолжителна само за млади мажи.
Следната година, сите млади мажи родени во 2008 година треба да бидат поканети на задолжителен преглед. Девојките исто така, можат да пристапат до евиденцијата, но за разлика од момчињата тоа за нив ќе биде на доброволна основа.
За да се привлечат што е можно повеќе способни регрути на доброволна воена служба, планирана е месечна финансиска поддршка од 2.600 евра бруто, како и делумна субвенција за полагање на возачки испит.
Доколку не се пронајдат доволно регрути на доброволна основа, Бундестагот може да одлучи за воведување на регрутација по потреба. Во тој случај, би се одлучувало врз основа на принципот на случаен избор на тоа кој треба да служи воена служба.
Целта на новиот закон е да се зголеми бројот на активни војници од сегашните 183 на 255 до 270 илјади. Уште во 2011 година, Германија ја укина обврската за служење во војска, но поради нападот на Русија врз Украина и новонастанатата безбедносна ситуација, се покажа потребата од дополнителни мерки за зголемување на активниот состав на Бундесверот.
Во рамките на владејачката христијанско-демократска коалиција на канцеларот Фридрих Мерц, особено спорна беше одлуката за тоа по кои принципи ќе се одлучи за тоа кој е должен да служи војска во случај на недоволен број волонтери.
„Сигурен сум дека ќе постигнеме доволен број војници и на доброволна основа“, изјави претседателот на клубот на СПД, Матијас Мирш, по состанокот на претставничките клубови на Унијата ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија (СПД).
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
